Најмоќната и најразновидна рамка за дигитално искуство на интернет само што стана подобра.

ПОРТЛАНД, Орегон | 19ти ноември, 2015—Денес, ДрупалTM го објави пуштањето во употреба на најновата верзија, Друпал 8. Друпал е софтвер со отворен код, рамка на дигитално искуство позади милиони веб сајтови и апликации. Ги овозможува многу од највлијателните платформи на интернет. Друпал 8 го менува начинот како тие платформи ги создаваат и доставуваат најдобрите дигитални искуства во светот.

Управувањето со дигиталните искуства е целодневен, секојдневен предизвик, а Друпал долго е двигател на компаниите и организациите. Неговиот модуларен софтвер е направен да поддржи комплексни дигитални операции. Тоа е платформа која владите ја користат да ги споделат нивните најважни информации (The White House, Australia). Рамка за содржини која служи за забава (The GRAMMYs, Turner Broadcasting) и содржина која служи за информации (The Economist, Fox News). Исто така служи за тоа како организациите работат за глобална промена (Human Rights Watch, Oxfam International).

“Друпал ни овозможува да се фокусираме на градење на ефикасно, богато со функции уредувачко искуство за да нашите уредници можат да се фокусираат на
создавање на ангажирана, релевантна содржина,” кажа Alexander S. Ross, Директор на Софтверско Инженерство на NBCUniversal Technology. “Ние сме возбудени дека ќе ги користиме некои од новите функции во Друпал 8 и уште повеќе да ги охрабриме нашите уредници.”

Друпал 8 го подобрува начинот како организациите ја доставуваат содржината. Исто така го зголемува влијанието што ја има содржината. Создаден е од компоненто-управувана перспектива: флексибилни елементи, без крути страни. Тоа им овозможува на организациите да доставуваат персонализирана релевантност што луѓето ја сакаат од дигиталните содржини. Со Друпал 8, содржината може да биде онаква каква што им треба на луѓето онаму каде што им треба.

“Денеска ја пуштивме во употреба најголемата надградба во историјата на Друпал. Во прилог на многу подобрувања во користењето, Друпал 8 се испорачува со унапредување во моделирањето на содржината и одвоено API-first објавување," кажа Dries Buytaert, основачот на Друпал и водач на проектот. “Toj e комплет со алатки кој им е потребен на организациите за да ги задоволат потребите за брзи, флексибилни, високо- персонални дигитални искуства кои се иднината на интернетот. Го оптимизиравме Друпал 8 за интеграција со други ситеми и за организирање на податочно-управувани искуства кои работат низ уреди и канали. Повеќе од 3,000 придонесувачи потрошија небројани часови создавајќи го најскалабилниот, моќен систем за управување со содржини на пазарот. Друпал 8 ја менува нашата заедница и интернетот онаков каков го познаваме.”

Функционалниот потпис на Друпал 8 е неговата посветеност за разновидна, структурирана содржина. Но, оваа флексибилност не е единствениот начин на кој Друпал 8 им помага на организациите да добијат најмногу од нивните дигитални платформи. Тој има повеќе од 200 нови и подобрени функции, вклучувајќи:

  • Моќни, вградени алатки за интеграција за да го поврзат Друпал со другиот софтвер во инфраструктурата на организацијата
  • Полесно создавање на содржина, користејќи респонсивен дизајниран интерфејс
  • Обновен mobile-first фокус, за луѓето можат да создаваат сајтови и апликации кои работат на повеќе модерни уреди од било кога
  • Комплетно нова конфифурација за управување за побезбеден и побрз равој на сајтови и нивно одржување
  • Подобрена вградена повеќејазична поддршка, со можност за превод на било која компонента од софтверот

Некои организации веќе користат Друпал 8. Le Temps, швајцарскиот весник на француски јазик, користи Друпал 8 да опслужи 4.2 милиони прегледи месечно. CH2M е глобална корпорација која работи за да ги одржи владите, инфраструктурата и средините одржливи. Користат Друпал 8 да ги презентираат и докажат нивните можности.

Memorial Sloan Kettering центарот за рак (MSK), еден од најголемите центри за рак во Соединетите Американски Држави, го лансираше новиот mskcc.org во Мај. Тие одбраа Друпал 8, дури кога софтверот беше сеуште во бета фаза за да помогнат да се рашири опсегот на нивната "More Science. Less Fear" кампања.

"Истражувачите од Memorial Sloan Kettering и нивните лекари редовно ги шират границите на иновирање и создавање ново знаење,” кажа Evan Liebman, директор на MSK за онлајн комуникации и технологии, “исто така сакавме да го направиме истото во просторот на дигиталната технологија. Беше многу важно за нас рано да го прифатиме и да допринесеме во развојот на Друпал. Со објектно-ориентираниот код на Друпал 8 и повторно употребливите шеми за дизајн, ние можеме да ги заобиколиме техничките пречки многу брзо. Седумдесет и пет проценти од нашите побарани функции и функционалности се сега во јадрото на Друпал, вклучувајќи ги и Views. Ова значи дека можеш да изградиш креативен Друпал 8 сајт."

Со 100,000 активни придонесувачи, Друпал ја има една од наголемите заедници за отворен код во светот. Таа е глобална заедница од дизајнери, автори, преведувачи, програмери, спонзори, и повеќе. Во прилог на подобрување на јадрото на Друпал, тие работат заедно за да го прошират Друпал со: котрибуциски модули, теми и дистрибуции. Друпал 8 е последното скалило во нивната посветеност за постојано подобрување, овозможувајќи им на организациите насекаде да изградат нешто прекрасно за сите.


За Друпал асоцијацијата

Друпал асоцијацијата е непрофитна организација. Таа помага да се развие Друпал проектот и неговата заедница со финансирање, инфраструктура, настани и промоции. Нејзината визија е да помогне во создавање на простор каде сите, секаде, можат да користат Друпал за да го направат интернетот подобро место. Таа работи за да ги инспирира и зајакне создавачите на интернет, мислителите и извршителите да го прават токму тоа.

За повеќе информации, котактирајте го претседателот на Друпал асоцијацијата Dries Buytaert, или извршниот директор Holly Ross.

Сите продукти и имиња на компании на трети лица се трговски марки на соодветните сопственици. Ги вклучивме само за референца.