Изградете нешто неверојатно

Повеќе од 200 нови функции и подобрувања

Светскиот омилен систем за управување на содржини со отворен код штотуку стана подобар. Друпал 8 е новиот стандард за креирање на неверојатни дигитални искуства – за мали бизниси, глобални претпријатија и сè помеѓу.

Преземете го Друпал 8Тестирај демо верзија

Drupal.org is generously sponsored by companies like:

Алатки за системи

Запознајте го Друпал 8, моќен сет од алатки и најјаката алка во вашиот нов ланец за снабдување со содржина. Имајте интеракција со безброј апликации, благодарејќи на REST-first нативниот веб сервис. Користете го прогресивното раздвојување за да се ослободите од back-end рестрикциите без да ги жртвувате сигурноста и пристапноста. Испорачајте побрзо, со подобрено кеширање и подобра интеграција со CDN-ите и инверзни прокси сервери. Со Друпал 8, можете да го изградите речиси секое интегрирано искуство кое ќе го замислите.

Дознајте повеќе

Едноставност за уредувачите

Претворете ги одличните идеи во одлични искуства. Оставете ја вашата работна површина позади себе и создајте релевантна содржина на повеќе модерни уреди од било кога. Работете ефикасно со подобри прегледи и вчитување на слики со повлечи-и-пушти. Кога Ви е потребно да направите брзи промени, изберете уредување на самото место и користете ги алатките кои ви требаат.

Моќ за администраторите

Сега е полесно да ги прилагодите компонентите- view-ата, листите, блоковите, системските алатки и друго повеќе од било кога. Контолирајте како податоците се прикажани без користење на ниту една линија код. Структурирајте ја содржината со повеќе типови на полиња, додајте SEO- пријателски значења со нативна Schema.org markup. Направете го креирањето и менаџирањето на содржината одлично искуство исто така.

Достапност за секого

Друпал 8 се испорачува со екстензивна поддршка за стандардите за пристапност, и не само за контрастот на боите и големината на фонтот. Семантичкиот HTML5 помага во креирање интеракции - дури и оние со динамичка содржина кои се повеќе користени. Плус, Друпал сега ги прифаќа WAI-ARIA практиките. Можете да ги создадете структурите на содржината полесни за разбирање за лицата со хендикеп

Хармонија во развојот

Поставете го Вашиот конфигурациски систем со целосно новиот систем. Сега е многу полесно да се преместат конфигурациските промени помеѓу околините. Тоа значи подобро развивање и многу пософистицирано одржување. Изградете со прецизна контрола над интегритетот на views, типовите на содржина, корисничките улоги и многу повеќе. Складирајте ги конфигурациските податоци доследно, во централно место. Моќта да се ослободи сето тоа сега е стандардна Друпал карактеристика.

Дознајте повеќе

Јазици за сите

Изберете некој од стотиците јазици при првиот чекор на инсталација. Преведете било која компонента од софтверот - таксономија, коментари, конфигурација, стилови на слики и друго. Уживајте во подобра јазична детекција на пребарувачот, полесно десно-кон-лево стилизирање и вградена поддршка за транскрипција. Можете да изградите уникатни, прилагодени локализации. Тие можете да ги искористите за да создадете прекрасни интернационални искуства.

Дознајте повеќе

Гордо создајте било каде

Максимизирајте ја флексибилноста на Друпал со објектно-ориентиран код и последните PHP стандарди. Некои од добро познатите технологии се дел од Друпал 8. Зависи од неколку надворешни библиотеки како Composer, Guzzle, и Symfony2 за да можете да напишете и да дебагирате код побрзо, со повеќе самодоверба. Кажете збогум на PHPTemplate и потпрете се на многу повеќе разбирливиот код кога темирате со Twig. Користете едноставни, унифицирани APIа за да додадете моќ на вашите модули и теми.

Дознајте повеќе

Создајте нешто прекрасно : Преземете го Друпал 8

Закажете тест возење: Тестирај демо верзија

Drupal 8—Изградено од